Почетна  >  . Почетна   Испечати   Контакт    
јазици
Вести од економијата
За Агенцијата
Иселеници бизнисмени
Иселеници повратници
Иселеници повратници
Општи услови
Водич за инвестирање
Економски потенцијали
Закони
Образци
За Македонија
Општини и Град Скопје
Корисни линкови
Контакт информации
Иселенички организации
Курсна листа
  1 EUR = MKD
  1 AUD = MKD
  1 CAD = MKD
  1 USD = MKD
  1 GBP = MKD Currency data courtesy coinmill.com
Временска прогноза
Click for Skopje-petrovec, Macedonia Forecast
Контакт
Контакт

Агенцијата за иселеништво се префрли во нови простории на

адреса:

ул. Македонија бр.19
1000 Скопје

тел:   + 389 2 3228 212
факс: + 389 2 3118 539
e-mail: info@minisel.gov.mk

Стари прашања

       ПЕЧАТИ           ПОСТАВЕНИ ПРАШАЊА И ДАДЕНИ ОДГОВОРИ

Radmila Stojkova Kitanova
radmila_stojkova@yahoo.com
25.07.2007

Zosto na prasanjeto koi vi go postaviv ne mi odgovorivte a plus toa i voopsto go nema sega vo listata na prasanja i odgovori. I vie ste bile nekoj servis za usluga na graganite so toa sto gi brisete nivnite prasanja. Sramota

Веруваме дека прашањето ви било за иселување во друга држава, па затоа сме го избришале ,но ако не е така се извинуваме и ве молиме поставете го уште еднаш. Повторуваме дека  Агенцијата за иселеништво на Република Македонија не посредува при добивање било какви визи, ниту при вработување во странство.


 

lile
lile_mel@hotmail.com
22.07.2007
Zdravo Jas vi pisuvam od melbourne imam ubi programa i ja fakame makedonskata e sega sakam da prasam zasto ne se imituva direkno od skopje se so ima tuku nie gledame tuka samo reprizi i nekoi pesni so gi davaat samo isteite pa se e isto a plakame 60 dol mesecno i stvarno ne e fer toa si go davaat blagodaram

MKTV-SAT претставува посебна сателитска редакција и е етнички канал наменет за македонците кои живеат надвор од матичната земја. Започнал да работи во 2000 година. Емитува програма 24 часа.
Програмата е претежно редактирана од архивата на Македонската телевизија.
Подетални информации можете да добиете на нивната веб страница:

www.mrt.com.mk


Покрај сателитскиот канал на МРТ постои и сателитски радио канал MRA -SAT (сателитски радио сервис) кој, исто така, презентира информации за иселениците.


 

Suzana
dimitrievska@dodo.com.au
21.07.2007
Vo vrska so posledniot pronajdok vo Delcevskoto selo Stamer, i reakcijata na Svetozar Petkovski vo vrska so ova - bi sakala da dobijam odgovor od vas i Ministerstvoto za Kultura: Pekovki veli; "Македонија ќе мора да потпише посебен договор со Бугарската академија за да се вклучиме во истражувањето', Ova e samo uste edna glupost, koja e nametnata od Bugarskata vlada" Nisto NE MORA da se napravi - OVA E SAMO OBICNO NAMETNUVANJE od drzava STO NAS NE NAIMENUVA KAKO BUGARI a ne MAKEDONCI. Ova e samo USTE EDEN OBID KON PRISVOJUVANJE NA MAKEDONSKATA KULTURA - za nejzino ponatamosno BUGARILIZIRANJE. MOETO PRASANJE DO VAS I MINISTERSTVOTO ZA CULTURA E: Zosto Ministerstvoto za Kultura ne si OTVORI EDEN FOND ZA DONACII , (najpoveke so nasite iselici od stranstvo, eve preku VAS - sto samo po 100 evra da doniraat , ke gi sobirat potrebnite sredstva) sto so tie sredstva ke USPEAT do go REALIZIRAAT proectot SAMITE, za da si OSTANE SE TUKA VNATRE VO SVOJATA ZEMJA - A NE postojano da bide prisvojuvano od drugi TUGI RACE????? JAS LICNO A VERUVAM I MNOGU DRUGI STO SI JA SAKAAT SVOJATA ZEMJA , ke se soglasat so mislenjeto - DEKA KE BIDE USTE EDNA (od mnogute) GRESKA NA NASATA VLADA AKO I OVOJ PAT - bez da si go konsultira SVOJOT NAROD i probaat samite da SI GO RESAT PROBLEMOT , brzoglavo i so staro poznatiot izgovor "NEMAME PARI" - SI GO PROPUSTAT I "POSLEDNIOT VOZ" od ZACUVUVANJE NA NASETO CULTURNO BOGATO NASLEDSTVO I IDENTITET. Ve molam da mi odgovorite i vi blagodaram. SUZANA

 Го прифаќаме вашиот предлог и Агенцијата за иселеништво ќе договори средба  со министерството за култура за реализирање на оваа идеја.


 

16.07.2007
Kako makedonski drzavjanin vo Avstralija da da si izvadi izvod i licna karta od Makedonija, bez licno prisustvo, preku polnomosnik i koi podatoci da gi navede vo polnomosnoto? (potrebna e adresa i l.k od tamu ili od tuka, i sto ako odamna e istecena ili izgubena...) dijanatashkova@yahoo.com dijana@ukim.edu.mk

Извод од матична книга на родените може да извадите во Амбасадата на Република Македонија во Австралија, Камбера или преку полномошник во Република Македонија.
Што се однесува до издавање на лична карта, Ве информираме дека во согласност со Законот за лична карта, може да Ви се издаде лична карта само во Република Македонија. Треба да поднесете барање за издавање на лична карта (пропишан образец) и две фотографии во Министерството за внатрешни работи, според подрачјето на кое имате последно живеалиште. Доколку сте родени во странство, треба да поднесете и извод од матична книга на родени.
Личната карта ја издава МВР.


 

igor
igorstul@gmail.com
14.07.2007
Sakam da prestojuvam vo Litvanija na gosti nekoj period pa kade da se obratam za viza i dali ima ambasada vo Makedonija. Vi blagodaram

Амбасада на Литванија во Р.М. НЕМА, најблиска е во Варшава  тел; 004822 635 97 94  и 0048226517291


 

Kiro Stojcevski
kiros@mts.net
10.07.2007
Nekolku pati probuvam da ja kontaktiram Makedonskata ambasada vo Otava preku nivnata opcija - kontakt, no email-ovite mi se vrakaat so informacija deka ne mozat da bidat dostaveni. Ve molam prepratete ja ovaa informacija do nadleznite tamu da ja popravat falinkata za da moze da gi kontaktirame. Blagodaram

 Контактите  може да ги остварите и преку
 
Амбасада на Република Македонија во Отава, Канада

130 Albert St. Suite 1006

Ottawa, ON

K1P 5G4

Canada

tel:  + 1 613 234 38 82

fax: + 1 613 233 18 52

e-mail: emb.macedonia.ottawa@sympatico.ca

Амбасадор,  д-р Сашко Насев

biljana
bpanchovska@yahoo.com
07.07.2007

ne sum vrabotena vo mk,ako se omazam za stranski drzavjanin dali ke mozam da koristam zdrastveno osiguruvanje vo makedonija.Pri bolest, poroduvanje ili izdavanje na lekovi. Odnapred vi blagodaram. Pozdrav

Ако останете во Р.М., плави картони за здравствено осигурување како невработена можете да добиете во заводот за вработување

beti

06.07.2007

Kako moze povratnici od stranstvo da ne se oslobodeni od plakanje carina za raboti koi sluzat za domakinstvo (mebel , bela tehnika) koi se veke koristeni a koi sakame da si gi doneseme vo makedonija.

 Плаќањето царина се извршува по царинскиот закон на Р.Македонија.


monaliza
monaliza-vik@yahoo.com
25.06.2007
 

Prasanjeto e dali mozete da mi dadete detalna informacija za nostrificiranje diploma vo ceska republka.Zavrsiv vo bugarija koja e sega vo eu a sum makedonka sto sakad aodi vo ceska.

Признавањето на бугарските дипломи во Чешка, не ни е познато, и сигурно треба да се информирате  во Чешката амбасада која во Р.М. ја нема, а најблиска е во Белград тел; 00381113230133  и  Виена тел: 004315248756


Suzana
dimitrievska@dodo.com.au
25.06.2007
 

Dali postoi DVD ili video-kaseta vo prodazba od filmot "Do krajot na svetot" od Marija Dojcinovska - vo koe se zboruva za plemeto Hunzi od Pakistan. Dokolku postoi, ke ve molam da me posocite, kade i kako da go nabavam (kupam). Vi blagodaram Suzana

Бараниот филм До крајот на светот  е приватен проект на Марија Дојчиновска. Авторот во моментот не е во Македонија. Во процедура е изнаогање начин за воспоставување контакт со Марија Дојчиновска.


lidija krleska
lidijakrleska@yahoo.com
13.06.2007
 

Ve molam da mi odgovorite kako mozam da go ostvaram pravoto za detski dodatok za mojata kerka koja ziveese vo svajcarija 3 god, no poradi bolest se vrati minatata god.Nejziniot tatko zivee iraboti tamu, a nie sme so nego razvedeni. Vi blagodaram ako mi posocite kade da se obratam,Pozdrav

 информирајте се во министерството за труд и социјала или посетете го следниов линк http://www.mtsp.gov.mk/?ItemID=35627DB6D7CF734498CCF9743B34B99F


suzana
trajnik@hotmail.com
06.06.2007
 

ve molam dali znae nekoj da mi napise kako mozam da najdam veb strana na skolite vo makedonija ako nekoj cita ili znae mi treba web stranata ili email od skoloto krste petkov misirkov vo radovis makedonija ve molam pobrzo zatoa sto mi treba hitno blagodatram

e-mail адреса на училиштето е:   kmisirkov@yahoo.com


sazdov marjanco
sazdov_mariyancho@abv.bg
05.06.2007
 

jas sum roden na 02-12-1969 vo stip ul.vita pop jordanova 53 tatko mi e sazdov simeon na 55-60.god. roden vo selo ,kukovo,probistip ne sum go videl 31 godina i neznam kade e vo koi grad zivee vo makedonija poslzden pat go vidov koga zavrasiv prvo odelenie vo sudot vo stip i ot togas nisto neznam za nego,ako nekoi moze da mi pomogne da mi kaze kade e ke mu bidam mnogo blagodaren.

 Во тек се добивање на податоци од општина Пробиштип.


Biljana Cubaleska
b.cubaleska@freenet.de
04.06.2007
 

Veke 12 godini ziveam vo Germanija i imam vo megjuvreme germansko drzavjanstvo. Sakam da kupam stan/kukja vo Makedonija. Pri mojot posleden prestoj vo Makedonija slusnav deka ova ne bi bilo bez problemi. So ova sum na nekoj nacin "prisilena" parite da gi investiram vo nekoja druga drzava (vo cela Evropa osven vo Makedonija drzavjanstvoto ne igra uloga pri kupuvanje na nedviznosti). Koj moze da mi dade poveke informacii za (ne)izvodlivosta na gorenavedenata namera. Odnapred vi blagodaram, B. Cubaleska

Во врска со вашето прашање, најпрво ве информираме за следното:

Еднаш стекнато државјанство на Рерпублика Македонија не се губи, ниту пак може да биде одземено. Државјанство на Република Македонија може да престане единствено со отпуст, ако се поднесе барање за отпуст и се исполнат определените законски услови.

Во вашиот случај не знаеме дали сте барале отпуст од македонско државјанство и на кој начин Ви престанал државјанскиот статус на Република Македонија. Ако имате отпуст, можете повторно да се стекнете со македонско државјанство, доколку поднесете барање за прием во државјанство, согласно член 8 од Законот за државјанство. Во овој случај потребно е да има поминато најмалку три години од денот на престанокот на државјанството до денот на поднесување на барањето за прием.

Ако немате отпуст, ќе треба да проверите дали Ве има во евиденцијата на државјани на Република Македонија, и доколку ве нема во наведената евиденција, ќе треба да поднесете барање само за утврдување на Вашето државјанство. 

По однос на прашањето за стекнување на сопственост врз стан или станбена зграда во Република Македонија од страна на странски државјанин, Ве информираме дека странско физичко лице може под услови на реципроцитет да стекне сопственост врз стан или станена зграда, како и државјанин на Република Македонија (член 244 од Законот за сопственост и други стварни права).

Реципроцитетот го утврдува Министерот за правда под услови и во постапка определена со закон.


Rampo Domazetovski
betaxalfa@yahoo.com
29.05.2007
 

Ja sum iselenik od prilep i saka da donesa v makedonia eden majmun i da go podara na pobeda klubot za sampionskata titulka me interesirat kako da go donesa i kolku carina se plakjat i mola za pravna regulativa od vasi strucnaci

За конкретни информации се обративме до Царинска управа на Р.Македонија, и по добивање на одговорот ќе бидете известени како да постапите за да подарите мајмун во Р.М.


spaso
spasoristov@hotmail.com
18.05.2007
 

Jas sum roden vo Makedonia i sum americhki drzavjanin,decata se rodeni vo SAD dali moze i sto e potrebno od dokumenti da dostavam za da izvadam Makedonsko drzavjansvo za moite deca tie sa 7 i 8 godini, sakam da ja iskoristam prilikata bidejki zaminuvame ovaa leto za Makedonia,ovaa prasanje bese postaveno porano agenciata dopolnitelno me prasa dali e nekoj od roditelite americhki drzavjanin,so zakasnuvanje pisuvam za istoto prasanje, blagodaram.

Еднаш стекнатото државјанство на Република Македонија не се губи, ниту може да биде одземено. Затоа, треба најпрво да проверите дали Ве има во евиденцијата на државјани на Република Македонија, што се води во Министерството за внатрешни работи. Доколку ве нема во споменатата евиденција, ќе треба да поднесете барање за утврдување на Вашето македонско државјанство (член 27 од Законот за државјанство).

Откако ќе го сторите тоа. може да поднесете барање за стекнување на државјанство на Република Македонија за вашите две малолетни деца (член 5 од Законот за државјанство) и во овој случај децата ќе се сметаат за државјани на Република Македонија од моментот на нивното раѓање.

За подетални информации, кога ќе дојдете во Македонија, обратете се во Агенцијата за иселеништво.


marjan jakimov
manta_mkd@tlen.pl
18.05.2007
 

dali makedonija dozvoluva dvojno drzavjanstvo

Законот за државјанство на Р.Македонија дозволува поседување државјанство и на друга држава   двојно државјанство (член 2 став 2 од законот за државјанство)


Mladen Krepiev
m_krepi@yahoo.com
18.05.2007
 

Ako mozete da mi kazete sto mi e potrebno za vadenje na viza za Ceska i kade treba da apliciram? Odnapred Vi blagodaram! Mladen Krepiev

Обратете се на  www.immigrationcz.com . Додека Агенцијата за иселеништво на Република Македонија не посредува при добивање било какви визи, ниту при вработување во странство.


Milan Angelovski
milan.angelovski@gamil.com
07.05.2007
 

Jas se vikam Milan Angelovski studiram vo Bugarija, potocno vo Sofija.Pri eden razgovor so edna prijatelka koja isto taka uci vo Sofija a koja e po poteklo od Pirinska Makedonija(Goce Delcev)me prasa dali moze da dobie makedonsko drzavjanstvo.Taa najverojatno se izjasnila kako bigarka po nacionalnost no znaete deka tamu site se pod golem pritisok.Pa moeto konkretno prasanje kon vas dali moze da dobi drzavjnastvo makedonsko,kako sto mnogu dobro vi e poznato deka nie makedoncite slobodno mozeme da zememe bugarsko drzavjanstvo?Ve molam da mi odgovorite!!! od napred blagodaren, Milan Angelovski

Државјанство на Р.Македонија може да се стекне на повеќе начини, меѓу кои основен начин е по потекло, а дополнителни два начини се : со раѓање на територија на Македонија и со природување (натурализација). Натурализацијата може да биде редовна, редовно олеснета и исклучителна. Во конкретниот случај, може да се бара прием во државјанство на Македонија со исклучителна натурализација. односно по член 11 од Законот за државјанство на Македонија и член 6 од Уредбата за утврдување на критериумите за особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес за стекнување на државјанство на Македонија.

По овој основ доколку се работи за припадник на македонскиот народ во Република Бугарија, кое не живее во Македонија, може да се стекне со македонско државјанство со поднесување на барање до МВР на Република Македонија или до дипломатско - конзуларно претставништво (ДКП) на Македонија во Република Бугарија. Со барањето треба да се поднесат и следните документи:

- извод од матична книга на родените за барателот и за неговите родители (со заверен судски превод на македонски јазик)

- кратка биографија и контакт адреса во Република Македонија

- друга дополнителна документација која не е задолжителна, но од која може да се виде активното учество  на барателот во работата на македонски иселенички здружениа, црковни општини, активно учестви во афирмирањето на Република Македониај во странство


Manov Kire
k.manov@hotmail.com
05.05.2007
 

dali moze da dobijam odgovor zosto bitolska mlekara go prekina otkupot na ovco mleko.ili kade i kako moze da se najde otkupuvac kade da se potrazi pomos.jas ziveam i rabotam vo Svajcarija esenta investirav 30 000 evra vo farma za ovci. ili kako moze da pomogne drazavata vo ovoj slucaj

Во врска со вашето прашање, Ве известуваме дека Агенцијата за иселеништво на Република Македонија се обрати до ИМБ млекара Битола и доби информации дека ИБМ Млекара Битола врши откуп и преработка на овчо млеко. За конкретни информации, обратете се на Контакт телефон на ИМБ Млекара Битола  0389 047 226 380.


Mile Majzovski
mile.majzovski@bredband.net
05.05.2007
 

Baravne ispis so negativen odgovor za mojata sopruga i moite deca poradi sto sakavne da zemime Svedsko Drzavjanstvo. Megutoa decata dobija negativno a soprugata ja ispisaa, i toa bese odprilika 1999 god. Slusav edna Makedonska emisija za iselenicite kade se govorese za vakvi slucaj. Deka posle 3 godini mozelo da se povratit Makedonskoto Drzavlanstvo. Moje prasanje: Koga ke dojdime na odmor na leto kade da se obratime i koj dokumentaci ni trebat da pripremime od svedskite vlasti i od Makedonskite vlasti. So Pozdrav. Mile Majzovski

Иселеник од Република Македонија и неговите потомци до прво колено можат да се стекнат со државјанство на РМ, без да се откажат од странското државјанство, ако исполнуваат одредени законски услови, член 8 од Законот за државјанство.

Треба да се внимава на рокот од поминати најмалку 3 години од дадениот отпуст до денот на поднесување на барање за повторен прием во државјанство на РМ. Значи Вашата сопруга може повторно да се стекне со македонско државјанство.

За подетални информации обратете се во Агенцијата за иселеништво, надлежен државен орган да се грижи за правата и положбата на иселениците од Македонија.


Suzana
dimitrievska@dodo.com.au
05.05.2007
 

Dali postoi nekoja banka vo Makedonija, sto izdava krediti na Makedonci sto ziveat i rabotat nadvor od Makedonija i sakaat tie pari da gi vlozat pak vo Makedonija. Na primer da kupat: dukan, kuka ili stan i sl. Kreditot normalno da se isplaka od stranstvo vo deviza a i so depozit na primer.

Банките во Република Македонија доделуваат кредити независно од тоа дали кредитобарателот е Македонец што живее и работи во Република Македонија или живее и работи надвор од неа. За условите и постапките под кои банките одобруваат кредити потребните информации можете да ги добиете од нашата веб страница во рубриката Економија, финансиски систем и пооделно на веб страните на банките.


Angel Mitrevski, Split
angel.mitrevski@st.htnet.hr
04.05.2007
 

Dali imate prateno bilo kakva preporačana pratka na MKD"Makedonija" vo Split nekade na početokot na April. Imeno radi opravdani pričini a i radi greška na poštarot pratkata e vratena vo makedonija. Nažalost ne ja dobivme ni adresata na prakačot pa ako ste vie Ve mola javete ni. Jas sum inače pretsedatel na MKD "Makedonija" Split. Pozdrav Angel

Агенцијата за иселеништво Ви испрати две пратки кои се вратија назад.  Со следните пратки, ќе ви ги испратиме и овие кои се вратија.


vesna
vesna.bt@sbcglobal.net
02.05.2007
 

ziveam vo usa.potreben mi elektronski preveduva(anglisko makedonski).dali toj voopsto postoi i ikade mozam da go nabavam?

 електронски преведувач на CD не најдовме, но ве упатуваме на страната http://www.idividi.com.mk/recnik/index.htm    и  http://www.recnici.com.mk/eRecniktekst.htm каде може да се најде македонско англиски речник


spasoristov@hotmail.com
09.04.2007
 

Verovatno ova prasanje ne e prv pat postaveno,decata se rodeni vo USA sto znachi tie se Americki drzavjani, sto e potrebno za da dobiat Makedonski pasaport, jas i nivnata majka sme rodeni vo Makedonia. Pozdrav do vrabotenite vo agenciata posebno da naglasam do nasiot prijatel Vasil Naumov.

Ве молиме да ни напишете дали вие и/или вашата сопруга сте државјани на Република Македонија, за да можеме точно да ви одговориме


Daniel
daniel_j4u@yahoo.co.uk
07.04.2007
 

Dali za vlez vo hrvatska na makedonski drzavjanin mu e potreben nekakov drug dokument, to jest nekakva garancija osven pasosot?

За влез во Република Хрватска потребно е да се поседува само македонски пасош.


07.04.2007
 

jas sakam da prasam prasanje dali eden vladika mozi da vodi sudski proces so vernicite koji gradele crkva so svoji pari vo avstrajija 10 godini se sudi so vernicite ja barat tapijata od crkovniot imot potroseni se nad 3tri milioni po sudovi.dali imat zakon inekoj vo makedonija dago prasat petar sto pravi so makedonskite vernicizosto gi sudi

Согласно Уставот на Република Македонија, МПЦ и другите верски заедници се одвоени од државата, и таа не може да се меша во работите од нивната надлежност.


Lidija
mlatrajk@bigpond.net.au
06.04.2007
 

Dali bi mozela da dobijam poveke informacii vo vrska so oglasot za vrabotuvanje vo Johnsons Control vo Makedonija. Navodno se baraat elektro i masinski inzinjeri so najmalku 5 godisno rabotno iskustvo vo stranstvo. Vi blagodaram za informacijata.

Обратете се на интернет страницата на Jonhson Control's. www.johnsoncontrols.com 

или јавете се на:

Directorate for Technological Industrial Development Zones

Adress:
11 Oktomvri 9
1000 Skopje
Republic of Macedonia

Phone:
+389 (0)2 3112 766
+389 (0)2 3215 522
Fax:
+389 (0)2 3112 799

E-mail Contacts:

Bachelor of Business Administration, B.B.A - Marjan Jovanov, Director
marjan.jovanov@fez.gov.mk 

Bachelor of Business Administration, B.B.A - Mumin Sali, Deputy Director
mumin.sali@fez.gov.mk

info@fez.gov.mk

 


Goran
taleg1979@yahoo.com
29.03.2007
 

Zdravo, jas sum Makedonec koj podolgo vreme zivee i raboti vo Crna Gora. Pri sekoj vlez vo Albanija plakam 10 e za viza, pa me zanima dali mozi da se zemi viza koja vazi za podolgo vreme (za godina dena) i do koga ke vazi vizniot rezim za Makedoncite vo Albanija, bidejki veke nekolku pati slusnav deka ke se ukini a od toa nisto, i oti ne se vovedi reprocititet, i Albancite da plakaat na vlez vo Makedonija, bidejki mislam deka na ovaj nacin se ogrozeni nasite prava. A i oti na sekoj vlez vo Albanija plakame plus na albanskite carinarnici onolku kolku samite ke procenat, a so nas nenosime nisto sto bi trebalo da se carini ( od 2 pa do 10 e, ili pak nekogas nisto), a pri toa ne dobivame nikakva potvrda deka sme platile, za da bi dobil nekakva refundacija od firmata kade rabotam.

Визата за влез во Албанија е 1 евро.


Velimir Kirov
velimirkirov@yahoo.com
27.03.2007
 

Zdravo!Me interesira: Sum bil vo Anglija 9 meseci dodeka studirav ovde vo Skopje na Tehnolosko-Metalurskiot Fakultet.Dali treba da polagam test po Angliski ili pak mozam da apliciram za Iselenistvo vo Kanada samo so kopija na Angliska viza odnosno dokaz deka sum pretstojuval vo Anglija? Drugoto prasanje e: Ve molam objasnete mi go celiot proces so se rangiranje na bodovi za Iselenicka viza za Kanada za dvajca (par),po nacinot "Skill Workers". Odnapred mnogu vi blagodaram-Velimir!

За информации обратете се на :

Canadian Embassy
Kneza Miloša 75,
11000 Belgrade
telephone: +381 11 306-3000 (Chancery)
telephone: +381 11 306-3039 (Immigration) fax: +381 11 306-3042 (Chancery)
fax: +381 11 306-3040 (Immigration)
fax: +381 11 306-3035 (CIDA)
www. canada.org.yu
Working Hours: Monday - Friday 08:00 - 16:00


Sasko Trajcevski
sago.int@gmail.com
24.03.2007
 

Do Violeta Sekulova Se interesiram ako kaj nas e vo tek zakon za "Property Managment"-Upravuvanje so nedviznini. Pozicijata se odnesuva celokupno upravuvanje koe se sostoi od slednovo: Sobiranje na pari za cistenje na zgradite(plakanje na higienicari i naoganje na soodvetnite) Celoseno ureduvanje na vnatresnosta na zgrada kako:farbanje na velez i hodnici odrzuvanje na liftovi,elektricna instalacija,Stakla i t.n. Nadvoresnost na zgrada i pred zgrada kako sadene i odzuvanje na zelenilo(treva, cvekinja , drva, citenje na sneg vo zima. isto taka i odrzuvanje na celokupnata cuvarska sluzba za vlezovi i garazi. Celokupno dolgorocno i kratkorocno budzetiranje i planiranje. Godosno odrzuvanje na sostanoci so stanarite i mesecno so nivni predstavnici.


Daniel
daniel_kalgeri@yahoo.com
21.03.2007
 

jas sum student na ekonomski fakultet i makedonska firma saka da me isprati na praksa vo Svajcarija za usovrsuvanje od kade sto imama dobieno soglasnost DALI BI IMALO PROBLEM OKOLU VIZNIOT REZIM(DA NE MI DADAT VIZA)? odnapred vi blagodaram.

Прашањата во врска со визниот режим на Република Македонија со другите држави ги решаваат амбасадите на односните земји. Доколку се појави определен проблем, за повеќе информации ќе се обратете до Одделението за конзуларни работи при Министерството за надворешни работи.



Cvetkovski Goce
macedonianwines@yahoo.com
17.03.2007
 

hello mi treba detalni informacii za --BUNARGIK- kade da gi najdam??? thank you

Информации за слободната економска зона Бунарџик може да добиете на интернет страниците www.bunardzik.com.mk и www.f.e.z.bunardzik.com.mk


biliana
biliana_25@hotmail.com
15.03.2007
 

zdravo imam edna molba do vas bi sakala dave prasam so mojov problem ziveam vo skopje imam vonbracno dete pred edna godina se vencav so mojot soprug on e germanec problemot e sto nemi davat viza veke 11 meseci dasi zaminam bidejki tatkoto na moeto dete e vo germanija ve molam dami kazete kade dase obratam isto da pravam blagodaram

Прашањата во врска со визниот режим на Република Македонија со другите држави ги решаваат амбасадите на односните земји. За повеќе информации во врска со вашиот преоблем обратете се до Одделението за конзуларни работи при Министерството за надворешни работи.


Cvetkovski Goce
macedonianwines@yahoo.com
12.03.2007
 

Zdravo. Mi trebaat poveke informacii za slobodnata ekkonomska zona -BUNARGIK - kade mozam da gi najdam site potrebni informacii -iliako ima web strana bi bilo super vi blagodaram odnapred Cvetkovski Goce NY

Информации за слободната економска зона Бунарџик може да добиете на интернет страниците www.bunardzik.com.mk и www.f.e.z.bunardzik.com.mk


Manov Kire
k.manov@hotmail.com
04.03.2007
 

od koga ke moze da se patuva bez viza samo so makedonski pasos vo evropa

Владата на Република Македонија досега има потпишано договори за реадмисија со 14 земји членки на Европската Унија. Од ноември 2006 година се водат преговори за склучување на единствен договор за реадмисија кој ќе ги опфати сите земји членки на ЕУ. Преговорите завршуваат во март 2007 година и тогаш е потребно да се склучи договорот за визните олеснување помеѓу РМ и ЕУ, кој би стапил во сила кон крајот на 2007 година. Ова олеснување ќе опфати повеќе категории лица - ученици, студенти, професори, бизнисмени, новинари, спортисти, вработените во државната управа итн.

 Меѓутоа, Владата на РМ ќе настојува ова да биде една од фазите кон целосната либерализација за слободно патување на граѓаните на РМ во земјите членки на ЕУ, односно за влез во Шенген системот.


Tancho, bitolchanec od Toronto, Kanada
t_m_trajkoski@hotmail.com
24.02.2007
 

Koj e maksimalniot iznos na dolari shto mozat da se vnesat vo Makedonija vo kesh.

На интернет страната на Царинската управа www.customs.gov.mk во рубриката - Патнички промет, подрубрика - Девизи ви е приложено Упатството за внесување и изнесување домашни и странски пари, чекови и монетарно злато во патничкиот промет. Во упатството е точно утврдено што опфаќа поимот резиденти а што поимот нерезиденти и висината на ефективните странски пари што секоја од овие категории можат слободно да ги внесуваат во Република Македонија.


kire
saneks_kiro@yahoo.com
24.02.2007
 

Me interesira dali so avstraliski pasos moze bez viza da se prestojuva vo grcija...odnosno koj kredibilitet go ima avstraliskiot pasos za sosednite zemji na Republika Makedonija Odnapred vi se zablagodaruvam

Со австралискиот пасош може без виза да се престојува во сите соседни земји на Република Македонија, па и во Грција.

Меѓутоа, праксата покажува дека Македонците кои се родени во Северна Грција (Егејска Македонија) и во чии патни исправи како место на раѓање е запишан македонскиот топоним, тие граѓани можат да имаат проблем при влез во Грција особено ако се користат граничните премини на Република Македонија со Република Грција.


Vlado Stojanovski
lale.stoj@tiscali.co.uk
17.02.2007
 

Vo momentov ziveam vo Anglija,i tuka sum od juli 2007 godina.Vo momentov sakam so soprugata da se preselime vo Makedonija i so nas da gi doneseme i nasite licni raboti(na primer bela tehnika,kompjuter,televizor,namestaj za dnevna i spalna soba....itn),isto taka i avtomobil.Ovie raboti ne se novi i se kupuvani vo tek na mojot prestoj tuka. Ve molam da mi kazete kakvi se moite prava za uvoz na ovie raboti i dali ke bidam osloboden od carinski obvrski.Odnapred blagodaram. Mnogu pozedrav vlado

Во Царинскиот закон (Сл весник бр. 39 од 30.05.2005 година ) меѓудругото постојат и повластени постапки за ослободување од плаќање на увозни давачки (членовите од 193-198).
Во овие законски одредби се таксативно наброени повеќе случаи на ослободување од плаќање на увозни давачки, но во кои не се стриктно наведени одредени привилегии за иселениците, како што тоа беше во претходниот закон.
Но затоа пак има повеќе други можности каде што и иселениците можат да ги користат овие повластици, како и сите државјани на РМ.
Така на пример во жленот 196, од плаќање на увозни давачки се ослободени неупотребуваната опрема и резервни делови (освен автомобилите и канцелариски мебел и опрема) врз основа на влог на странско лице во трговско друштво, а кои служат за вршење на претежната дејност на друштвото. Влогот на странското лице треба да е подолг од 3 години И да изнесува 20%од вкупно вложениот траен цапитал на друштвото, под услов имателот на одобрението кој го користел ослободувањето да работи најмалку уште 3 години по истек на последната година во која го користел ослободувањето од плаќање на увозни давачки.
Под влог на странско лице се смета и откупот на акции од страна на странското лице.

Општина Струмица одделение заЛокален Економски Развој
pbedzovski@gmail.com
16.02.2007
 

Број на луге до 35 години кои ја напусхтиле државата поради вработување во странство

Такви статистики во Македонија не се водени.


niko
trajnik@hotmail.com
14.02.2007
 

ovaa e do petrova ako saka da najde covek cikago odi na www.msn.com  i potoa klikni na white pages i ke ti izleze strana kade treba da vneses ime i prezime i vo koja provincija zivee vo amerika ke gi najdes site podatoci za nego tuka pozdrv


Josif Apostolov
migdonec@hotmail.com
13.02.2007
 

kako da ja najdam tocnata adresa na organizacijata Makedonski Nacionalen Front znam samo deka se naoga negde vo Prilep odnapred vi blagodaram.

 


Beata Petrova
beata@lugarus.com
12.02.2007
 

Почитувани Ве молам ,доколку има некои Македонци што живеат во Чикаго да се јават и да остават свои е-mail затоа што барам контакт со татко ми кој се отсели таму пред 35 години а немам никакви информации дали е жив.Ве молам и Ви се заблагодарувам однапред Со почит.

Ве молиме испратете ни подетални инфромации кои Агенцијата за иселеништво ќе ги стави во рубриката Огласи од каде ќе може заинтересираните за случајот да контактираа со вас или со нас.



SOLIDARNOST
solidarnost@freemail.com.mk
09.02.2007
 

SOJUZ NA HUMANITARNI ZDRUZENIJA "SOLIDARNOST" SKOPJE,MAKEDONIA Bul.Cvetan Dimov br.29 lok.56 Skopje,00389/2 2611-259 ;00389/70546-193 solidarnost@freemail.com.mk


08.02.2007
 

Почитувани пријатели, Работам како учителка по македонски јазик во Мелбурн и веке со години ми недостасува материјал и детски книги, пред се сликовници за деца кои малку го зборуваат нашиот јазик. Дали и на каков начин вие би можеле да ме снабдувате со овој вид книги. Покрај ова ме интересира дали би можеле да ме снабдувате со весникот СОФРА, кој би им го продавала на нашите родители овде, или треба да се обратам директно во Уредништвото на ова списание. Во колку треба да стапам во контакт со нив, дали би можеле да ми испратите нивна адреса. За сега толку, во иднина би ме интересирале и други прашаења. Примете многу топли поздрави од Светлана Мицкова, Мелбурн.

Во можност сме еднократно да ви испратиме неколку сликовници и книги за деца. На  e-mail  адреса violeta@minisel.gov.mk наведете ја адресата на која сакате да бидат доставени книгите.

За континуирано снабдување и збогатување на книжниот фонд во вашето училиште,  информирајте се од нашата веб страница www.emigration.gov.mk

Во рубриката КУЛТУРА има подрубрика – ИЗДАВАЧКИ КУЌИ во која се дадени податоци за неколку издавачки куќи од Македонија со кои можете да комуницирате и да се договорите за снабдување и доставување на учебници и друга литература.

Списанието СОФРА веќе неколку месеци не се печати. Излегува ново списание ХРАНА И ВИНО.

Податоци за ова списание се  e-mail contact@medfocus.com.mk

Тел: 243 66 44 и факс 243 10 89

Адреса на издавачот med Focus trade: 

Булевар АСНОМ бр. 24/3 – 4, 1000 Скопје, ПФ 260

Web www.medfocus.com.mk

Web www.hranaivino.com.mk

 


Gilinas Sakirovska
gilinas@web.de
07.02.2007
 

Pocitvani Dami i Gospoda, Sakam da zemam germansko drzavjanstvo i bi sakala da znam dali moram da go dadam mojot makedonski pasos i kolku pari toa ke me cini.

Согласно член 2 од Законот за државјанство на Република Македонија, државјанинот на Република Македонија може да има и државјанство на друга странска држава.

Според регулативата на СР Германија, за добивање на германско државјанство по натурализација, покрај останатите услови потребно е да се има и отпуст од дотогашното државјанство. Отпустот од македонско државјанство е регулиран со член 20 од Законот за државјанство.


megi
canadasosserbody@yahoo.ca
29.01.2007
 

dali imate informacii za nekoe makedonsko drustvo vo anglija i kade ima poveke makedonci vo koj del od anglija

Makedonski Sovet za Unapreduvanje i Promocija
45E Eaton Square, London SW1 W 9BD
tel: + 20 7235 0333
fax: + 20 7235 0444

Association of Macedonians Citizens in United Kingdom
Studio No 4, 10 Minster Road
London NW2 3RA
Vane Milanov
tel: +44 208 450 2535


Makedonska pravoslavna crkovna opstina "Sv. Arhangel Mihail i Site Angeli"
London 10 05 2004
c/oViktor Stojcev
fax: +44 207 534 30 90

Poposki Mitko od Canada
poposki@sympatico
25.01.2007
 

Republika Makedonija e redovno posetuvana od golem broj domassni turisti (makedonci)iseleni vo Cnada vo poslednite godini a i mnogu porano. Za vreme na nassata poseta na nassata tatkovina sme dolzzni da vadime vizi, koi vadenja nekogass ni pricinuvaat golemi potesskotii, bidejki konzulati ili ambasadi makedonski ima samo vo Otava i Toronto, a distinaciite na koi zziveat iselenicite se mnogu pogolemi. Zossto iselenicite od Makedonija so makedonsko poteklo morat da vadat (da bidat maltretirani) vizi za svojata tatkovina, koga sigurno znaeme deka R.Makedonija e Canadski drzavjani e posetuvana samo od makedonci, mnogu malku od turisti koi nemaat na[e poteklo.

Визниот режим на Република Македонија со други држави, специјални административни региони и субјекти и територијални власти непризнати како држави е регулиран од Министерството за надворешни работи и важи за сите странски државјани.                       Во правниот систем на Македонија, без разлика  дали странскиот државјанин е со македонско потекло, во зависност од земјата од која доаѓа се вади виза ако е така регулирано во билатералните односи помеѓу двете земји.


Jennifer Cvetkovska
Cvetkoje@excite.com
24.01.2007
 

Makendonsko dirshavyansko za americanka-makedonka

Со оглед на твоето македонско потекло имаш можност да се стекнеш со македонско државјанство согласно член 14 од Законот за државјанство со исклучителна натурализација, како и во согласност со член 6 од Уредбата за утвдување на критериумите за особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес за стекнување на државјанство на Република Македонија донесена од Владата на РМ.

Барањето за стекнување на државјанство на Р. Македонија се доставува преку Амбасадата на РМ, во земјата каде што живеете, до Министерството за внатрешни работи.  Законот и Уредбата и Упатството можат да се најдат на нашата интернет страница во рубриката правна регулатива.


23.01.2007
 

Kade mozam da dobijam poveke informacii za rabota na pravnici vo Ceska ? Ve molam odgovorete mi na E-mail:kris_simeonova@yahoo.com

За детални информации во врска со работа на македонски граѓани во Чешка, обратете се на следната интернет адреса www.immigrationcz.org  каде има линк на македонски јазик во кој се објаснуваат условите за работа во Чешка.

Исто така има и online регистар на слободни работни места во Чешка за странски државјани. Адресата е www.praceprocizince.org


Часлав Стефановски
makchas@yahoo.com
23.01.2007
 

Кои се лицензирани агенции за иселеништво за Австралија и Нова Зеландија во Македонија икаде може да се најде Информација?

Агенцијата за иселеништво на Република Македонија не посредува при добивање било какви визи, ниту при вработување во странство.



niko63@bluewin.ch
19.01.2007
 

Заедница на македонските друштва Швајцарија Прес.Мирчев Никола. Почитувани би сакале да знаеме дали Република Македонја има свој почесн конзул овде во Швајцарија,во колку го има која е неговата обврска према диаспората

Амбасада на Република Македонија во Берн, Швајцарска Конфедерација
(Исто така покрива и Принципат Лихтенштајн)
Kirchenfeldstr., 30
CH - 3005 Bern 
tel.  41 31 352 00 02
tel.  41 31 352 00 16
fax: 41 31 352 00 57
e-mail:
makedamb@bluewin.ch

tel.  41 31 352 00 28 (Конзуларно одделение)
tel.  41 31 352 00 30 (Конзуларно одделение)
fax: 41 31 352 00 37 (Конзуларно одделение)

Амбасадор, Махмуд Ибрахими

Амбасадата и Канцеларијата за врски покрај функциите наведени во Виенската конвенција за дипломатски односи, ги вршат и следниве функции:
- ја претставуваат и застапуваат Република Македонија во државата на приемот;
- ги штитат интересите на Република Македонија и на нејзините државјани и правните лица и вршат конзуларно-правни работи;
- ги унапредуваат и развиваат односите и севкупната соработка меѓу Република Македонија и државата на приемот од интерес за Република Македонија;
- учествуваат во преговорите со владата на државата на приемот;
- ја следат внатрешната и надворешната положба и активноста на државата на приемот и за тоа го известуваат Министерството, кое информациите ги проследува до претседателот и
- ги известуваат органите, институциите и јавноста на државата на приемот за ставовите и развојот на Република Македонија. Амбасадата и Канцеларијата за врски ја развиваат својата работа на политичко, економско, безбедносно, културно, научно-техничко, информативно и друго поле.
Амбасадата и Канцеларијата за врски особена грижа посветуваат на положбата и човековите права на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и на државјаните на Република Македонија.

 

Viktor
viktorpetrovski@yahoo.com
06.01.2007
 

Dali ima nekoi nasi Makedonci vo Litvanija? Jas ziveam i studiram vo Litvanija, vo gradot Klaipeda pa sum zainteresiran da vidam kako ziveat i sto rabotat nasite tamu. Ke ve molam ako znaete nekoj ili imate nekakvi kontakti so Litvanija, da me izvestite.

За Литванија немаме никакви податоци за македонски заедници


MKD OHRIDSKI BISER - ZAGREB
ohridskibiser1@net.hr
02.01.2007
 

Vi blagodarime što ni gi isprativte cd-ata i knigite.Ke Vi pratime sliki od Makedonskata večer od Zagreb.Srdečen pozdrav od členovite na MKD Ohridski biser

Среќни Новогодишни и Божикни празници и бериќетна 2007 година со желба за понатамошна успешна соработка

Ви посакува

Агенцијата за иселеништво


Tane Metodi Trajkoski - Tancho
t_m_trajkoski@hotmail.com
28.12.2006
 

Srekna nova 2007 godina! Vashiot chest posetitel na vashata "web-site", Tancho, bitolchanec od Toronto, Kanada.

Среќни Новогодишни и Божикни празници и бериќетна 2007 година со желба за понатамошна успешна соработка

Ви посакува

Агенцијата за иселеништво


MKD OHRIDSKI BISER - ZAGREB
ohridskibiser1@net.hr
19.12.2006
 

Vi blagodaram što ni odgovorivte na prvoto prašanje.Organizirame tombola od koja se financiraat troškovite za Makedonskata večer koja ja organizirame na 13.01.2007.Ako može da ni ispratite bilo kakov poklon paket vo vid na knigi, cd-a, dvd-a,ili slično će bideme mnogu blagodarni.Adresata e Domobranska 9 10000 Zagreb Hrvatska.Imame i devet dečinja koj imaat nastava na Makedonski jazik so učitelkata Despina Velinska.Znači može i knigi koj bi im poslužile vo nastavata.

Испратени се материјали за вашите потреби



MKD OHRIDSKI BISER - ZAGREB
ohridskibiser1@net.hr
14.12.2006
 

Organizirame tradicionalna Makedonska večer vo Zagreb na 13.01.2007g.Ve molime ako ste vo možnost da ne pomognete da organizacijata na večerta bide što pouspešna i da gi razveselime našite Makedonci i nivnite prijateli.Očekuvame 300 gosti i nastapuva grupa Boemi od Bitola.

Агенцијата за иселеништво ви ја честита Новата Година и бара од вас подетално да објасните каква помош Ви е потребна.


zoran
milioner82@yahoo.com
13.12.2006
 

kako moze da se raboti tamo vo germanija da receme sto e potrebno ili iselenicka viza pozdrav

Агенцијата за иселеништво на Република Македонија не посредува при добивање било какви визи, ниту при вработување во странство.Обратете се во амбасадата на соодветната држава.


GBF Konsalting
gbfc@mt.net.mk
13.12.2006
 

Kontakt so makedonska zaednica vo Argentina

За Аргентина немаме никакви податоци за македонски заедници


Daniel
d.t.skyline@mt.net.mk
07.12.2006
 

Sakam da zaminam iselenicki vo Kanada so soprugta.Kako?

Агенцијата за иселеништво на Република Македонија не посредува при добивање било какви визи, ниту при вработување во странство.Обратете се во амбасадата на соодветната држава.


Dragica Karsova
dragica@kanal77.com.mk
06.12.2006
 

Pocituvani, bi sakale da znaeme, dali vo Amerika i Kanada, osven pecateni dali ima i radio i televiziski mediumi? Vo ocekuvanje sme na vasiot odgovor.

Macedonian Radio Program
80 West Main Street 200
Rochester, NY 14614
c/o Nada Demitriow
tel: +1 716 454 7350
fax: +1 716 454 4516


Makedonski Radio Cas
264 Parker Ave.
Clifton, NY 07011
    

 САД

BKTV
412-415 Greencrest Cir.
Toronto, ONT M1G 1B9
c/o Borce Kulevski
tel: +1 416 431 3022
fax: +1 416 431 6055
email: bomiku@netscape.net

Канада

 


Lidija
Makedonka@email.com
01.12.2006
 

Ke ve molam ako mozete da mi ja ispratite adresata na crkvata Sv. Kliment Ohridski vo New York i nivniot telefon ako gi imate. Blagodarna odnapred, Lidija

Контакт адреси на македонски иселенички организации и дипломатско конзуларни претставништва имате на нашата web страна во рубриката КОНТАКТИ.Моментално ги имаме овие адреси

Makedonska pravoslavna crkva "Sv. Kliment Ohridski"
2005 124th St.
College Point, NY 11356
tel: + 1 718 762 1670
fax: + 1 718 888 0632
САД


Пребарај
 
Поважни линкови
Copyright (c) 2007 Агенција за Иселеништво. Сите права се задржани.